OКТОМВРИСКО ПАТУВАЊЕ Амалфи – синиот рај на Азурната обала термин: 19.10 - 23.10.2017
Италија, АМАЛФИ

почетна цена од 353 eur

Опис на понудата

OКТОМВРИСКО ПАТУВАЊЕ
Амалфи – синиот рај на Азурната обала

термин: 19.10 - 23.10.2017
Aвион/ 5 дена / 4 ноќевањa

Цена за резервации до 25.09.2017: 353 € 21.890 мкд
Цена за резервации од 25.09.2017: 393 €/24.370 мкд



Во цената на пакетот е вклучено:
Авионски превоз на релација: Белград – Неапол – Белград
Рачен багаж и чекиран багаж до максимум 23 кг
Хотелско сместување во хотел *** / 4 ноќевања со појадок
Организација и реализација на аранжманот


Во цената на пакетот не е вклучено:
Трансфер аеродром – хотел– аеродром
Задолжително патничко здравствено осигурување
–Цените се изразени во евра за уплата исклучиво во денари по курс 1€=62мкд.
За ова патување важат и Општите услови за патување


Програма на патување;

19 октомври Белград – Неапол

Индивидуален трансфер до аеродромот во Белград.
Лет од Белград за Неапол во 17:55.
Индивидуален трансфер и сместување во хотел.
По сместување во хотел, искусете го Амалфи и вечерајте во еден од прекрасните ресторани покрај морето, посетете ги модерните кафулиња, а за “најхрабрите” препорачуваме посета на легендарната дискотека “Мusic on the Rocks” која се наоѓа на Spiaggia Grande beach.
Ноќевање.

20 октомври – Aмалфи и Поситано

Појадок.
Препорачуваме панорамски разглед на Амалфи и Поситано.
Автобуските линии меѓу сите градови на ова крајбрежје се на секој половина час и последниот автобус е во 00:40.Има повеќе видови на автобуски карти и Вие може да ја купите онаа која сметате дека најмногу ќе Ви одговара.Сите информации се достапни на Busitalia.
Набавете си автобуска карта пред да влезете во автобусот. во спротивно ќе бидете приморани да платите казна во висина од 10 до 100 евра.
Автобуска карта може да си набавите во скоро сите тобако продавници и во официјалната Busitalia Office.
Карта за 45 минути возење чини €2.20, за 90 минути €3.40, за 24 часа €6.80, а за 3 дена е €16.00 (UNICOCOSTIERA).

Поситано
Куќите во ова мало градче се распоредени вертикално по карпата на која е семстено. По тесните патеки украсени со смоквини дрва, ќе најдете мали рибарски куќички претворени во луксузни мали замоци или хотели. Зад малото шеталиште ќе наидете на црквата Санта Марија Асунта, која е изградена во 11 век. Недалеку од тука има пешачка зона каде што ќе ги најдете најдобрите ресторани. Прошетката тука е незаборавна, особено на зајдисонце, и секако не пропуштајте да ги вкусите специјалитетите од морска храна и ризото. Дека ова место е посебно докажува фактот дека тука и уживале филмските ѕвезди како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Роберто Роселини и Ингрид Бергман. Постијано располага и со мала плажа каде што ќе го изгубите здивот од воодушевување кога ќе погледнете нагоре.

Амалфи
Според легендата, грчкиот јунак Херкулес се вљубил во нимфа наречена Амалфи. После нејзината смрт избрал да ја закопа на најубавото место на земјата, па ја закопал тука. Историски овој град бил најбогатиот на југот на Италија. Катералата во градот со доминантни бела, сива и златна боја била изградена во деветти век. Тргнуваќи од главниот плоштад на Амалфи и плоѓтадот Флавио Џоја, вообичаената маршута ќе ве одведе преку градот до морето. Ценарот има пешачка зона исполнета со продавници, барови и ресторани. Луѓето кои шетаат тука навистина се убаво облечени и ова е правото место каде што може да ја видите последната мода.
Ноќевање.

21 октомври – Равело и Соренто

Појадок.Препорачуваме да ги разгледате Равело и Соренто.
Превозот до овие градови е со истите автобуси кои возат во Амалфи и Поситано.

Равело
Равело е дена од најпопуларните дестинации на брегот Амалфи. Лоциран на врвот на карпа на висна од 350 метри над морското ниво располага со спектакуларен панорамски поглед на целиот брег. Катедралата посветена на Св. Панталеимон, изградена во 11ти век, се вбројува во најважните историски споменици во цела Италија. Задолжително треба да ја посетите вилата Цимброне со прекрасни градини и терасата наречена Terrazo dell’ Infinito, каде што ќе уживате во прекрасниот поглед кон хоризонтот.

Соренто
Соренто е град на спротивната страна од заливот наспроти Наполи. Ова е одлична точка за почеток на посетата на Сорентинскиот полустров патувајќи по кривите патишта на брегот на Амалфи над Тиренското море. Дополнително, недалеку од брегот се наоѓа и островот Капри, кој со своите 17км обала, е една од најпопуларните туристички локации во Италија и во светот.
Ноќевање.

22 октомври – шопинг во Салерно
Појадок
Препорачуваме шопинг во градот Салерно во Cilento outlet village.
Во споредба со малите градчиња на брегот Амалфи, Салерно e доста поголем град.Плени со неговите шарм и индивидуалност, особено во раздвижениот центар centro storico. Тука средновековните цркви делат простор со локалните таверни, неонски осветлени вински барови и модерни салони за тетоважа.
Ноќевање

23 октомври
Појадок.
Напуштање на хотелот.
Индивидуален трансфер со автобус до аеродромот во Неапол.
Поаѓање во 15 часот за Белград.

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Италија
  • Локација: АМАЛФИ
  • Превоз: Авион
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 109 пат/и
  • Огласот е објавен на 22.09.2017 07:23

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад