ПРАЗНИЧНИ АРАНЖМАНИ - 11-ти Oктомври ЉУБЉАНА и бисерите на Словенија
Друга дестинација, ЉУБЉАНА

почетна цена од 149 eur

Опис на понудата

ПРАЗНИЧНИ АРАНЖМАНИ - 11-ти Oктомври
ЉУБЉАНА и бисерите на Словенија
149 € / 89.240,00 денари-Цена на аранжманот

термин:10.10 - 14.10.2017
Aвтобус/ 5 дена / 2 ноќевањa



ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација.
- 2 ноќевања со појадок во Хотел М во Љубљана.
- Разгледување на градот со локален водич.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во хотелот).
- Факултативна посета на Постојнска Јама Трст (65 евра).
- Факултативна посета на Блед и Бохињ (25 евра).
- Влезници за локалитети.
- Задолжително патничко-здравствено осигурување.

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Пријавување за факултативните излети при резервација на аранжманот.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.
За ова патување важат и Општите услови за патување


10. Октомври (вторник) СКОПЈЕ - ЉУБЉАНА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 16.00 часот. Поаѓање за Љубљана во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Србија, Хрватска, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

11 Октомври (среда) ЉУБЉАНА

Пристигнување во Љубљана во утринските часови. Разгледување на градот: Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

12 Октомври (четврток) ЉУБЉАНА - ПОСТОЈНА - ТРСТ - ЉУБЉАНА
Појадок. Предлагаме факултативна посета на Постојнска Јама - најпосетуваната туристичка атракција во Словенија. Патувањето продолжува кон Трст. Посета на дворецот Мира Мар во Трст. Разглед на градот: Piazza dell`Unita, кој е изграден во австриски стил и е единствениот што излегува на море, околу плоштадот има прекрасни згради, како Општината, Министерството за правда и типични италијански кафулиња. Препорачуваме да се напиете вистинско италијанско кафе во едно од најубавите кафулиња во Италија - Caffe San Marko со неверојатен амбиент и ентериер. Каналот Grande во близина на плоштадот на кој се наоѓа статуата во чест на James Joyce кој долго време творел во Трст. Враќање во Љубљана. Ноќевање.

13 Октомври (петок) ЉУБЉАНА - БЛЕД - БОХИЊ - СКОПЈЕ

Појадок. Факулатативна посета на Блед - бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Продолжуваме кон Бохињ, и Бохињското глечерското езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот прак Триглав.. Слободно време до поаѓање за Македонија. Ноќно возење.

14 Октомври (сабота) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Друга дестинација
  • Локација: ЉУБЉАНА
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 101 пат/и
  • Огласот е објавен на 20.09.2017 10:10

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад