ПРАЗНИЧНИ АРАНЖМАНИ - 23-ти октомври БУКУРЕШТ и мистичната Трансилванија Автобус/ 4 дена /2 ноќевањa
Друга дестинација, ROMANIJA

почетна цена од 99 eur

Опис на понудата

ПРАЗНИЧНИ АРАНЖМАНИ - 23-ти октомври
БУКУРЕШТ и мистичната Трансилванија

Автобус/ 4 дена /2 ноќевањa

термин:20.10.2017-23.10.2017

редовна цена на аранжманот 119€ / 7.378 денари 20.10 – 23.10.2017
цена за рана уплата до 22 септември: 6.138 денари (99 €)
цена за рана уплата до 06 октомври: 6.758 денари (109 €)


Аранжманот БУКУРЕШТ и мистичната Трансилванија вклучува:

Автобуски превоз Скопје – Романија – Скопје
Ноќевање со појадок во Хотел Анди Букурешт 3*
Ноќевање со вечера и појадок во Хотел Анди Предеал 4*
Разглед на градот – Букурешт со водич
Трансилваниа тура –Посета на замокот Бран со придружник
Посета на градот Брашов со придружник
Синаиа тура – Посета на местото Синаиа и замокот Пелеш,со придружник и водич

Аранжманот БУКУРЕШТ и мистичната Трансилванија не вклучува:

Организирана вечерна посета на стариот дел на градот – 5 евра
Влезница во замокот Бран – регуларна цена 35 lei или 8 евра; за студенти 20 lei или 4,5 евра
Влезница во замокот Пелеш- тура од 1 час и 15 мин која ги вклучува приземјето и првиот кат – регуларна цена: 60 lei или 13 евра; за студенти 15 lei или 3,5 евра.
Патничко осигурување – 185 ден.



Романија — земја во југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт.
Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија.
Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното римско царство
Името Романија доаѓа од романскиот збор роман (român) кој пак потекнува од латинскиот назив Romanus. Во 16 век повеќе автори нагласиле дека населението се нарекува како „романи“.
Првиот документ напишан на романски јазик било писмото Неакшу каде за прв пат во пишана форма се употребува зборот „романски“.

23 ти октомври Букурешт – прекрасна можност да се посети Романија заедно со мистичната Трансилванија.
Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.

Главниот град на Романија е исполнет со мешавина од огромни историски градби, брутални комунистички блокови и модерни дизајни од 21от век. Овој град многу брзо го граби вниманието како конкурентен на сите популарни city break дестинации , претставувајки се со својот чудесен спој на модерна Европа и егзотичниот Исток. Букурешт е слика на контрасти преточени во метропола со живописен карактер!
Кога светот би бил една голема сцена, тогаш Букурешт има заслужено место под рефлекторот. Љубов, предавство, освојување од Руски цареви, Француски ваудевил, Венецијански трговци, Грчка трагедија, 2 големи пожари –Букурешт доживеал се!

Овој град е најдобар пример за нејасната врска меѓу Отоманската империја и Романската земја. Иако никогаш не бил Отомански град, дели многу од аспектите со градовите од таа области влијанието на империјата. Еден од тие аспекти била дивизијата Махалас. Махалас биле мали квартови во градот кои поттикнувале градење на религиозни згради во кои најчесто се населувала хомогена заедница на луѓе кои припаѓаат на иста етничка,социјална или религиозна група. Како што растел градот, овие квартови прераснувале во големи населби кои поднеле бран на модернизација и уништување во периодот на комунизмот.

20.10.2017 петок – Скопје / Букурешт

Собир на групата кај Дрво декор на паркингот наспроти Хотел Холидеј Инн, во 18:00 часот. Поаѓање кон Романија во 18:30 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Букурешт.

21.10.2017 сабота – Букурешт

По пристигнувањето, почеток на официјалниот разглед на градот city tour, со лиценциран водич. Посета на Плоштадот на Револуцијата, Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.

Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei. Најстарата и најшармантна улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“, плоштадот Унири, од каде ја посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата.

Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке , изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула.

Собирање на групата на договорено место и продолжување кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.

17часот Сместување во хотел.
21 часот Посета на стариот дел на градот.
Ноќевање.

22.10.2017 недела – Замокот Пелеш и Брашов

Напуштање на собите и поаѓање кон замокот Пелеш. Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните кралски палати, на постоечка средновековна патека помеѓу Трансилваниа и Валашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. По посетата на замокот заминуваме кон готскиот град БРАШОВ. Градот е лоциран во централна Романија и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.

Слободно време за ручек и дополнителна прошетка.

Сместување во хотел во Предеал.
Вечера и организирана забава во хотелот со огниште и дегустација на традиционален пијалок.
Ноќевање

23.10.2017 понеделник – Бран

По појадокот го напуштаме хотелот и се упатуваме кон бајковитиот замок БРАН, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. По разгледот, следува слободено време и потоа продолжуваме со патот и враќањето кон Скопје. Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови на 24.10.2017 вторник.

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Друга дестинација
  • Локација: ROMANIJA
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 34 пат/и
  • Огласот е објавен на 09.09.2017 04:59

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад