ПРАЗНИЧНИ АРАНЖМАНИ Салаши во Војводина, Суботица, Палиќ 3ДЕНА/2НОЌЕВАЊА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Друга дестинација, ВОЈВОДИНА

почетна цена од 99 eur

Опис на понудата

ПРАЗНИЧНИ АРАНЖМАНИ
Салаши во Војводина, Суботица, Палиќ
3ДЕНА/2НОЌЕВАЊА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

Уживајте во северна Војводина,на Бачките салаши од 18век,на езерото Палиќ со добри домаќини и автентични тамбураши,дегустација на вина и многу забава......

3ДЕНА/2НОЌЕВАЊА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

термин:21.10.2017-23.10.2017

цена по лице: 99 € /6.138,00 денари



Во цената се вклучени следниве услуги:

Организиран превоз со автобус од Скопје - Суботица - Скопје
2 ноќевања во Суботица услуга ноќевање со појадок во двокреветна соба во хотел со 3*
Разглед на Суботица со локален водич и превоз
Пратител на групата од Скопје
Организација на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

Вечера со музика во “Мајкин салаш” со превоз, храна и пијалок (€20.00)
Пикник на ергелата “Келебија (€10.00)
Ручек во Вила Мајур (€15.00)
Посета на винаријата на”Звонко Богдан”со дегустација на вина (€10.00)
Ручек на Палиќ (€15.00)
Патничко и здравствено осигурување
Услуги кои не се наведени во програмата

Важна напомена:

Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 61.8МКД).
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта.
Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување.
За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
За овој аранжман важат општите услови на патување


1ден 21.10.2017Скопје-Суботица (Сабота)
Состанок на групата на Автобуска станица во Скопје во 01:00 часот. Пристигнување околу 13 часот во Суботица со попатни паузи. Сместување во хотел. Потоа следи разглед на Суботица со локален водич: Општината, палатата Рајхл, палатата Леовиќ, најстарата синагога на Балканот , Суботичка гимназија, Српската црква. Можност за организирана вечера во некој од салашите како” Јелен Салаш” или” Мајкин Салаш” (факултаивно). Ноќевање.

2ден 22.10.2017 Суботица (Недела)
Појадок. Поаѓање во 09:30ч и посета на винаријата “Звонко Богдан” на Палиќ,Разглед и дегустација на вино. Слободно време за прошетка по малото и симпатично туристичко место Палиќ. Слободно време за ручек. Предлог Ресторан Мала Гостиона (факултаивно).Враќање во хотел.Слободна вечер за индивидуални прошетки.
Ноќевање

3ден 23.10.2017 Суботица-Скопје (Понеделник)
Појадок. Одјавување од хотел.Поаѓање на пикник (факултативен)на ергелата”Келебија”, разглед,можност за јавање на липи цанери,возење со фијакери.. Организиран факултативен ручек во ”Вила Мајур”. Уживање во богато мени на традиционални специјалитети и локални пијалоци. Во попладневните часови поаѓање за Скопје
Пристигнување во доцните вечерни часови.

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Друга дестинација
  • Локација: ВОЈВОДИНА
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Приватно сметување
  • Огласот е виден 40 пат/и
  • Огласот е објавен на 31.08.2017 06:26

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад