8-ми Септември **** СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА **** Дракула Тура – 4 дена / 2 ноќевања
Друга дестинација, БУКУРЕШТ

почетна цена од 129 eur

Опис на понудата

8-ми Септември **** СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА ****
Дракула Тура – 4 дена / 2 ноќевања

термин: 07.09.2017 – 10.09.2017

цена по лице: 129 € /7.998 денари


Во цената е вклучено:

Превоз со туристички автобус: Скопје – Букурешт-Скопје
Сместување во хотел со 3***
Две ноќевања со појадок (шведска маса)
Организација на патувањето, туристичка такса, стручни водичи.

Во цената не е вклучено:

Задолжително патничко осигурување 5 €
Влезници за сите наведени објекти со трансвер и водич, вкупно 35 €
Или поединечни влезници со трансвер и водич: Дворецот Пелеш(15€), Манастирот Синаиа(4€), Замокот Бран(15€), Гробот на Дракула(8€), Црната Црква во Брашов(6€).
Доплата за 1 вечера со жива музика 15 € (забава, изненадувања).

Напомена: Нема никакви дополнителни или скриени трошоци!!!

Цената е формирана за минимум 40 патници

Со програмата важат општите услови за патувањ



1 ден. Тргнување од Скопје во 18 часот на паркингот пред Хотел ВИП (спроти саемот) со високотуристички автобус. Ноќно патување.

2 ден. Во предпладневните часови пристигнување во Букурешт главен град на Романија, кој често го нарекуваат „Мал Париз„Краток разглед на градот, Посета на Патриаршијата и архитектонскиот комплекс Kurtija Veke најстариот дел од Букурешт, кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владетел Влад Цепеш – Дракула и др. Панорамски разглед на Парламентот. Поаѓање кон Трансилванија. Во приквечерните часови се пристигнува во монденското одмаралиште Синаиа или Поиана Брашов во Јужните Карпати. Сместување во хотел. Можност за факултативна вечера со музика и изненадивања. Ноќевање.

3 ден. Појадок. Посета на замокот Бран од XIV век во кој 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов, централна југо-источна Трансилванија, кој представува музеј на отворено. Посета на познатата црна Црква од XIVвек. Разглед на стариот градски центар и слободно време. Враќање во хотел, диско. Ноќевање.

4 ден. Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на дворецот Пелеш, најубавиот дворец во Европа,некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Поаѓање за езерото Снагов до истоимениот остров, на кој се наоѓа истоимениот манастир каде се наоѓа гробот на Дракула. Пристигнување во Букурешт и панорамски разглед на најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum (седиштето на филхармонијата), некогашната Кралска палата (денес музеј на уметноста). Националниот музеј за историја, и др. и посета на трговскиот центар Unirii. Слободно време. Тргнување за Македонија во предвечерните часови. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Друга дестинација
  • Локација: БУКУРЕШТ
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Приватно сметување
  • Огласот е виден 86 пат/и
  • Огласот е објавен на 31.08.2017 05:31

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад