СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА - 8 ми Септември на Лефкада и Јонско море ТЕРМИН : 08.09-10.09.2017
Грција, ЛЕФКАДА

почетна цена од 59 eur

Опис на понудата

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА - 8 ми Септември на Лефкада и Јонско море
ТЕРМИН : 08.09-10.09.2017

59 €/ 3.650,00 мкд -Цена на аранжманот по лице во 1/2 , 1/3 и 1/4 студија

Деца 2-12 години со 2 возрасни 1900 денари
Сопствен превоз – 900 денари од цената.

Јонско море и неговата прочуена убавина ќе ја видите во една програма од 3 дена. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја… Мецово е едно од најубавите планински места во Грција.

1 ден 08.09.2017 – Петок ( Скопје - Битола – Јанина – Лефкада)

Состанок на групата во 05,00 пред Спортска сала Битола . Поаѓање према Лефкада во 05:30 ч. преку граничен премин Меџитлија. Возење со попатни паузи за освежување. Попатна посета на хипермаркетите Џамбо и Икеа во Јанина со можност за шопинг. Пристигнување во Лефкада во пладневните часови. Сместување во објектите. Можност за разгледување на местенцето прошетка по нејзините тесни улички и амбиентални продавници и ресторани. Можност за гала вечера со музика 15 € - факултативо.Ноќевање 1.

2 ден 09.09,2016 Сабота ( Лефкада – Крстарење )

Можност за организирано крстарење и екскурзија Лефкада во 10,00 часот (факултативно 15 €). Разглед на островот од неговите две страни , со прекрасната природа, надалеку прочуените плажи и крајбрежја, како и островотите Меганиси, Итака, и Скорпиос, единствениот приватен остров во Грција, во сопственост на Аристотелис Оназис и неговата фамилија. Можност за ручек во бродот или рибен ресторан-таверна. Враќање во Нидри. Ноќевање 2.

3 ден 10.09.2017 Недела (Лефкада – Парга – Мецово – Битола - Скопје)

Заминување кон Парга и можност да се разгледа прекрасното приморско гратче со амбиентална медитеранска убавина. Заминување Мецово – карактеристично планиско место, ко плени со својата автентичност и зачувана стара архитектура. Можност за посета на прекрасните цркви и манастири во местото како можност за ручек на карактеристичните влашки јадења – факултативно. Заминување за Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Информации за понудата

  • Категорија: Летување
  • Држава: Грција
  • Локација: ЛЕФКАДА
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Приватно сметување
  • Огласот е виден 122 пат/и
  • Огласот е објавен на 29.08.2017 06:33

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад