ULTRA LAST MINUTE -ЛЕТО 2017 - УЖИВАЊЕ НА ПЛАЖА !!! ЛЕТО 2017 - КРФ – АГИОС ГЕОРГИОС 23.08.2017-01.09.2017- 9 ноќи
Грција, КРФ

почетна цена од 139 eur

Опис на понудата

ULTRA LAST MINUTE -ЛЕТО 2017 - УЖИВАЊЕ НА ПЛАЖА !!!

ЛЕТО 2017 - КРФ – АГИОС ГЕОРГИОС

23.08.2017-01.09.2017- 9 ноќи
139 € / Цена по лице со вклучен превоз

Сместувањето во собите е после 13 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.
Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 62,00 мкд.
Цената само за превоз: Скопје-Халкидики-Скопје изнесува:
35 € возрасни.
25 € деца од 2 - 12 години.
БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште).

КРФ
Во срцето на Јонското Море помеѓу Италијанското копно на запад и Грчкото на исток се протега Јонскиот архипелаг претставен со неколку поголеми и помали острови.
Најсеверен остров во архипелагот е најпосетуваниот остров Крф со главниот град Керкира.Доминантна вегетација на островот се четинарите и маслиновите стебла по што Крф се нарекува и “Зелен остров”. Освен по живописната природа, исконското минато и љубезните домаќини Крф е познат и по своите плажи.
АГИОС ГЕОРГИОС
Мало туристичко место, на крајниот југозападен дел на островот. Од главниот град Керкира е оддалечено 30-тина км, а од јужното пристаниште Лефкими 10-тина км. Долгите песочни плажи и бистрите води на Јонското Море се само дел од убавините на ова место.

Вила Анестис се наоѓа веднаш до Лорд Комплекс лоциран во непосредна близина на центарот на Агиос Георгиос. Плажа е оддалечена 4-5 мин. Вилата е со преубаво уреден двор, двокреветните студија се на приземје, а четворокреветните апартмани се на кат. Сите се опремени со мини кујна (фрижидер, две рингли за готвење, комплет прибор), ТВ и бања со туш, клима ( се доплаќа). Гостите од вилата можат да го користат базенот и мини паркот за деца од Лорд Комплекс (дозволено е користење на базенот со купување на пијалок-забрането е внесување на храна и пијалоци од надвор).

Вила Ники се наоѓа веднаш до вила Анестис на 4-5 мин. од плажа. Располага со четворокреветни апартмани на кат и двокреветни студија на приземје и сопствен двор. Сите соби се опремени со мини кујна (фрижидер, мини шпорет со две рингли, комплет прибор), ТВ, бања со туш, клима (се доплаќа), тераса. На гостите им е дозволено користење на базенот, барот и паркот за деца од Лорд Комплексот. (дозволено е користење на базенот со купување на пијалок-забрането е внесување на храна и пијалоци од надвор).

Информации за понудата

  • Категорија: Летување
  • Држава: Грција
  • Локација: КРФ
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Приватно сметување
  • Огласот е виден 53 пат/и
  • Огласот е објавен на 21.08.2017 08:30

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад