Поклоничко патување за Романија и Украина★★★ ТЕРМИН :20.октомври / 10 дена / 6 ноќевања
Друга дестинација, BUKUREST

почетна цена од 240 eur

Опис на понудата

Поклоничко патување за Романија и Украина★★★
ТЕРМИН :20.октомври / 10 дена / 6 ноќевања

240 €/ 14.900,00 мкд -Цена на аранжманот по лице

ПРОГРАМА:
20.октомври (петок) БИТОЛА - СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата пред градската автобуска станица во Битола во 14:30 часот. Поаѓање кон Скопје во 15.00 часот. Средба со останатите патници во 17:00ч. на паркингот пред хотелот "Holiday Inn” и продолжување на патувањето кон граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. Ноќно патување низ Бугарија со попатни застанувања и одмори.

21.октомври (сабота) БУКУРЕШТ - ЈАШИ
Пристигнување на Бугарско-Романската граница во утринските часови, на граничниот премин Русе-Џурџу. Патување низ Влашката низина, до пристигнување во Букурешт околу пладне. Посета на Патријаршијата и поклонение пред моштите на Свети Димитриј Бесарабов. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови, патувањето продолжува кон градот Јаши. Пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.

22.октомври (недела) ЈАШИ - КИЕВ
Во утринските часови, присуство на Светата Божествена Литургија во Соборниот храм и поклонение на моштите на Св.Параскева (Св.Петка). По посетата на црквата Свети Три Јерарси, слободно време за кратка прошетка низ градот. Во попладневните часови, поаѓање за Киев – Украина. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори.

23.октомври (понеделник) КИЕВ - ПЕЧЕРСКА ЛАВРА
Пристигнување во Киев во утринските часови. По сместувањето, организирана посета на познатата Киево - Печерска Лавра, како и на повеќето цркви и параклиси кои се наоќаат во неа. Ноќевање.

24.октомври (вторник) КИЕВ
Присуство на Светата Божествена Литургија во Соборната црква и последователна посета на блиските и подалечните пештери во Киево - Печерската Лавра. Попладне, посета на неколку цркви и манастири во Киев и неговата околина. Ноќевање.

25.октомври (среда) КИЕВ - ПОЧАЕВО
Појадок. Присуство на Светата Божествена Литургија и заминување кон местото Почаево, во посета на прочуениот манастир Света Почаевска Лавра. Пристигнување во вечерните часови и сместување во манастирските конаци. Ноќевање.

26.октомври (четврток) ПОЧАЕВО
Наутро, посета на Соборниот храм и поклонение на чудотворната икона на Мајката Божја. Поклонение на стапалката на Пресвета Богородица, како и на моштите на светите Амфилохие и Јов Почаевски. Слободно време за индивидуални молитви и поклонение на другите светињи во Лаврата. Ноќевање.

27.октомври (петок) ПОЧАЕВО - ЊАМЦ
После Светата Божествена Литургија во Почаевската Лавра, заминување кон Романската Света Гора – Њамц и тамошниот машки манастир, изграден во 13.век. Во него се чуваат двете чудотворни икони на Мајката Божја, моштите на преподобниот Пајсиј Величковски, главата на Св.Симеон дивногорец, како и мошти на непознат светител. Во овој манастир, монашки постриг примил и преподобниот Јован Хозевит, а во него денес се чуваат и дел од неговите свети мошти. Сместување во вечерните часови. Ноќевање.

28.октомври (сабота) ЊАМЦ - СКОПЈЕ
Утринска Света Божествена Литургија во манастирот Сихастрија, кој е еден од најголемите машки манастири во Романија. Поклонение на чудотворните икони на Мајката Божја и на светите мошти на тамошните светители. Тука е и гробот на познатиот старец Клеопа и неговата некогашна монашка ќелија. Попладне, заминување кон Македонија. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори.

29.октомври (недела) СКОПЈЕ - БИТОЛА
Дневно патување преку Романија и Бугарија. Пристигнување во Скопје и Битола во вечерните часови.

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Друга дестинација
  • Локација: BUKUREST
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 98 пат/и
  • Огласот е објавен на 18.08.2017 09:44

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад