8-ми септември - Јаши - Романија Посета на моштите на Св.Петка ★★★ ТЕРМИН : 07.09-10.09.2017
Друга дестинација, JASHI

почетна цена од 105 eur

Опис на понудата

8-ми септември - Јаши - Романија Посета на моштите на Св.Петка ★★★
ТЕРМИН : 07.09-10.09.2017


105 €/ 6.500,00 мкд -Цена на аранжманот по лице

ПРОГРАМА:
Прв ден:07.09.2017 (четврток)
Поаѓање од Скопје (паркинг хотел Вип) 18:30 ч. Патување со високотуристички автобус преку Бугарија со попатни паузи за кафе и оброк.

Втор ден:08.09.2017 (петок)
Во предпладневните часови пристигнување во градот Брашов (централна југо-источна Трансилванија) кој представува музеј на отворено. Посета на познатата Црна Црква од XIVвек. Разглед на стариот градски центар и слободно време. Во попладневните часови поаѓање кон Јаши - градот во кој во 18 век. се преместени моштите на Св.петка во соборниот храм Митрополие Молдавски во центарот на градот. Сместување во хотел. Разглед на градот. Вечера(факултативно). Ноќевање.

Трет ден:09.09.2017 (сабота)
Појадок. Посета на црквата Митрополие Молдавски,обавување на верски обреди и поклонение пред моштите на Св.Петка. Слободно време за разглед на градот во кој има над 50 цркви наредени една до друга ,голема пешачка зона, прекрасни паркови, ресторани, кафе барови, продавници и прекрасни градби (некои од нив датираат од 15 век а некои се заштитени од УНЕСКО). Ноќевање.

Четврт ден:10.09.2017(недела)
Појадок. Одјавување од хотел и заминување од Јаши. Кратка посета на дворецот Пелеш, најубавиот дворец во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- Водство на турата со лиценциран придружник
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Јаши
- Локален туристички водич

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезница за Црната Црква во Брашов - 6 €
- Влезница за дворецот Пелеш - 15 €
- Задолжително патничко осигурување

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Друга дестинација
  • Локација: JASHI
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 94 пат/и
  • Огласот е објавен на 18.08.2017 08:52

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад