8-ми септември - ТРИДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ВО ГРЦИЈА★★★ ПРАЗНИЧЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД - СОЛУН - НЕА КАЛИКРАТИЈА ТЕРМИН : 08.09-10.09.2017
Грција, НЕА КАЛИКРАТИЈА

почетна цена од 69 eur

Опис на понудата

8-ми септември - ТРИДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ВО ГРЦИЈА★★★
ПРАЗНИЧЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД - СОЛУН - НЕА КАЛИКРАТИЈА
ТЕРМИН : 08.09-10.09.2017

69 €/ 4.300,00 мкд -Цена на аранжманот по лице

ПРОГРАМА:

Прв ден: 08.09.2017 (петок)
04.00 часот. Заминување на групата од Скопје и во 05.30 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции „Атлантик Турс“) кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони. Пристигнување во Солун во претпладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Околу пладне заминување на групата кон Неа Каликратија, туристичко место оддалечено четириесетина километри од Солун. По пристигнувањето, сместување во хотел „Epavli“ 3*** (www.studio-epavli.com) лоциран на само 30 метри од долгата песочна плажа и од морето. Слободно време за одмор, за индивидуални активности и за уживање на плажа. Хотелот се наоѓа во центарот на градот, веднаш до градскиот парк, а во непосредна близина има изобилство продавници, ресторани и таверни. Ноќевање.

Втор ден: 09.09.2017 (сабота)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

Трет ден: 10.09.2017 (недела)
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Петралона (www.petralona-cave.gr) , една од најубавите пештери во Грција која се наоѓа на западната страна на планината Катсика, на десетина километри од Каликратија. Долга е повеќе од 2 километри, украсена со импресивни пештерски сталактити и сталагмити, а откриена е сосема случајно во 1959 година од еден овчар кој во неа нашол човечки череп стар скоро милион години. Веднаш потоа започнале археолошките ископувања , па тука се откриени траги од првиот праисториски човек, траги од запален оган како и алати направени од камен и коски. Во состав на комплексот има и мал музеј во кој се наоѓаат камени фосили на животни кои некогаш живееле на овие простори. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Две ноќевања со појадок во хотел „Epavli“ 3* во Неа Каликратија
- Сите излети вклучени во програмата
- Организација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Влезница во пештерата Петралона и музејот (8 евра, за деца од 6-12 години 4 евра, до 6 години бесплатно)
- Патничко осигурување
Услови за деца: Деца до 5 години бесплатно (не користат кревет и седиште во автобус) Деца од 5-10 години (со двајца возрасни) плаќаат 80 % од аранжманот (користат кревет и седиште)
Во случај на сопствен превоз, цената се намалува за 10 евра по лице за возрасни и 5 евра за деца од 6-12 години
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Грција
  • Локација: НЕА КАЛИКРАТИЈА
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Приватно сметување
  • Огласот е виден 127 пат/и
  • Огласот е објавен на 18.08.2017 07:40

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад