8-ми септември - КРСТАРЕЊЕ ПО ХАЛКИДИКИ -СВЕТА ГОРА ТЕРМИН : 08.09-10.09.2017 3 дена+автобус+брод
Грција, СВЕТА ГОРА

почетна цена од 85 eur

Опис на понудата

8-ми септември - КРСТАРЕЊЕ ПО ХАЛКИДИКИ -СВЕТА ГОРА
ТЕРМИН : 08.09-10.09.2017
3 дена+автобус+брод

85 €/ 5.300,00 мкд -Цена на аранжманот по лице

ПРОГРАМА:

8.09.2017 (петок)
Состанок на групата пред Новата Пошта-Штип во 04:30. Поаѓање во 05:00 часот. Состанок на групата од Скопје пред Хотел ВИП во 04:30. Поаѓање во 05:00 часот. Влез за Р.Грција кај граничниот премин Св.Богородица. По граничните формалности патот продолжува за Солун, каде е предвиденo панорамски разглед на позначајните места - Белата Кула, Плоштадот „Аристотели”. Планирана е посета на црквата Св.Димитрија... Посета на шопинг центарот „Космос“. Заминување на групата кон Халкидики. Сместување во студија и апартмани во Неа Потидеа. Време предвидено за oдмор,плажа... Во вечерните часови посета на гратчето Афитос – карактеристично по својата архитектура и местоположба. Враќање во Неа Потидеа. Ноќевање.

2 ден - 09.09.2017 (сабота)
Во 08:00 часот заминување со автобус за Ормос - мало гратче сместено на Ситонија од каде почнува предвиденото крстарење со брод околу Атос- третиот крак на Халкидики на кој се наоѓа „СВЕТА ГОРА“ манастирска држава со непрекината историја од 1000 год.Од бродот ќе имате можност да ги видете манастирите и да слушнете објаснување за секој манастир поединечно на македонски јазик. После крстарењето предвидена е двочасовна пауза во Уранополис,единствено туристичко место на третиот крак можност за капење, ручек,прошетка....Во 17:00 часот пристигнување на Ситонија-Ормос.Потоа заминување со автобус кон Ормилија,посета на женски манастир “Успение на Пресвета Богородица “ и запознавање со монашкиот живот и ракотворбите на монахињите,посета на машкиот манастир “Св.Арсение” во Ватопеди кој воедно претставува меток од Светогорските манастири. Во вечерните часови враќање со автобус за Касандра-Неа Потидеа. Одмор. Ноќевање.

3 ден - 10.09.2017 (недела)
Слободно време за плажа и индивидуални активности.Во 18:00 часот заминување на групата кон Македонија.



Цената вклучува :

– превоз со климатизиран туристички автобус према програмата;
– крстарење по АТОС со појаснување за секој манастир;
– 2 ноќевања во апартмани/ студија во НЕА ПОТИДЕА;
– Организација и водство на патувањето
Деца до 12 год. имаат 25% попуст од цената на возрасен.

Цената не вклучува:
- патничко осигурување

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Грција
  • Локација: СВЕТА ГОРА
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Приватно сметување
  • Огласот е виден 152 пат/и
  • Огласот е објавен на 18.08.2017 06:39

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад