САНТОРИНИ - 11-ти октомври
Грција, САНТОРИНИ

почетна цена од 179 eur

Опис на понудата

САНТОРИНИ - 11-ти октомври

Термин: 06.10 - 10.10.2017 - Автобус 5 дена / 3 ноќевања

179 € (11.100,00 мкд) - Цена на аранжманот за ЦЕЛОСНА уплата до 31.08.2017 !!!
199 € (12.340,00 мкд) - Цена на аранжманот

ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 25.09.2017 !!!


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Автобуски превоз на горенаведената релација,
3 Н/П во хотел со 3* во Камари,
трансфер со брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреа, трансфер со автобус од пристаниште во Санторини – хотел - пристаниште,
организација, водство и реализација на аранжманот.
Доплата за трансфер од Скопје 10 €

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (210,00 денари по лице).
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :
Целодневен излет низ Санторини – 35 € по лице (автобус+локален водич – минимум 30 лица) – препорака!, крстарењето со брод – 35 € по лице (минимум 30 лица) - препорака!, посета на винаријата – 18 € по лице (влезница+резервација).
ПАКЕТ ЦЕНА-ФАКУЛТАТИВА : 80 € по лице.

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1 ДЕН (06.10.’17 – петок) : БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 18.30 часот. Поаѓање за Грција во 19.00 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (07.10.’17 – сабота) : ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.30 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари...Во вечерните часови – во договор со групата и нашиот локален водич посета/вечера во некоја од таверните во Фира и прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за нокно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус, враќање во Камари. Ноќевање.

3 ДЕН (08.10.’17 – недела) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен излет...посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш...посета на „црвената плажа“, можност за фотографирање...патувањето продолжува кон бродото Профитис Илиас – највисоката точка на островот, можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир...стигнуваме до градот Фира - главниот град на островото, уникатно место на светот, единствено по своите бели куќички со сини покриви и сводови...слободно време за индивидуален разглед на местото истражувајќи го истото низ неговите тесни улички како од бајките и нивните продавници за сувенири...во касните попладневни часови – Ве водиме во Oia (Иа)... можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место...питорескната Иа, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели...враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време, или посета на некој од ноќните барови во Камари. Ноќевање.

4 ДЕН (09.10.’17 – понеделник) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот - слободно време или факултативно крстарење...посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер...продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море...крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води...пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира...враќање во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН (10.10.’17 – вторник) : САНТОРИНИ – ПИРЕА - БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 12.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција - Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300. метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреја. Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Грција
  • Локација: САНТОРИНИ
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 63 пат/и
  • Огласот е објавен на 07.08.2017 03:38

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад