♥ ♥ ♥ 12-ти НОЕМВРИ - „ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА“ ♥ ♥ ♥ ≈ ≈ ≈ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 600 мкд (превоз+сендвич+костени+вино) ≈ ≈ ≈
Македонија, Беловиште

почетна цена од 10 eur

Опис на понудата

♥ ♥ ♥ 12-ти НОЕМВРИ - „ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА“ ♥ ♥ ♥

≈ ≈ ≈ ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 600 мкд (превоз+сендвич+костени+вино) ≈ ≈ ≈
ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ ВЕ ВОДИ НА 7-МА ПО РЕД ТРАДИЦИОНАЛНА МЕЃУНАРОДНА МАНИФЕСТАЦИЈА - „ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА“ Саем на костенот, медот, виното и традиционална трпеза.

12 Ноември2017 - Недела
Во локалитетот ПЕТАЧКО ВОДИЧЕ, с.Беловиште, Тетовско.
➤ ➤➤ За љубителите на планинарењето - Планинарска тура до најголемиот водопад во Македонија -Беловишкиот водопад (Долно Чкало).

Состанок на групата во 06:00 пред Дрводекор, поаѓање во 06:30 Пристигање на групата во 07:45 во с. Беловиште Во 08:00 поаѓање на групата за Беловишкиот водопад (Долно Чкало).Турата е во времетраење од еден ипол час во еден правец.

➤➤➤ Промоција на нова патека.

Прошетка до локалитетот Сенокос со тргнување од .Вратница во 10:00 низ планинската живописна природа, опкружено од костенова шума, 1.5 час, со велосипед многу побрзо и пристигање во Петачко Водиче. Поврзување на бисерните села преку природните и културните убавини Поаѓање од Скопје во 08:30 пред Дрводекор



➤➤➤ТУРИСТИЧКА ПРОШЕТКА И ПОСЕТА ДО ОРАШКО КАЛЕ ( СОБРИ)

Туристичка прошетка и посета со организиран комби превоз до Орашко кале (СОБРИ), манастир св.Консантин и Елена во Вратница, црквата св.Богородица во Беловиште и манастирот Петачко Водиче. Поаѓање од Скопје во 08:30 пред Дрводекор

Сите учесници на настанот пристигнуваат и завршуваат со активностите во предпладневието, планинарење, велосипедска, мотор и џип тура, рибарење, посета на цркви, манастири во 13:00 часот и отпочнува отварање на Саемот.
ПРОГРАМА:
➤ Свечено отварање-сечење лента од претставниците на партнерските здруженија и подржувачите, пригоден краток говор и заедничка изјава пред гостите и медиумите.
➤ Промоција на учесниците со поставените штандови од претставниците, дегустација на костени и вино засладено со мед како и познатата шарска плескавица збогатена со костенови примеси.
➤ Медиумска промоција на саемските изложувачи и учесниците во активностите, планинарење, велосипедисти, моторџии и џип кантри, Костенопроизводителите-земјоделци, Туристички капацитети
➤ Презентација на иницијативата на Бела Виста-ИОРРР за заштита на костенот и костенопроизводителите.
➤ Културно уметничка програма од повеќе културно уметнички друштва, етно изведувачи од земјата и од соседните земји.
➤ Свечено затворање на саемот со доделување на пригодни благодарници на учесниците и подржувачите.
На манифестацијата ќе има многу излагачи од регионот и странство со производи, пред се од костенот и традиционалното негово користење, како и скари на кои може да се пробаат специјалитетите, пред се нашиот производ „Шарска плескавица со костен„
Ќе бидат застапени производители на:
➤ Органски мед, пред се од костен.
➤ Традиционална храна
➤ Застапеност на старите занаети како и излагачите со старини, ракотворби и Најмалиот Етно Музеј во Светот.
На саемот ќе може да се дегустираат многу производи и секако ќе може да се купи:
➤ Најубавиот Шарпланински костен по откупна цена.
➤ Органски костенов мед, ливадски итн, како и медни производи, прополис, млеч и др.
➤ Познатиот Тетовски грав, јаболка Тетовка, ореви и ред домашно одгледувани органски производи по саемска цена изложена од самите одгледувачи.
➤ Селектиран костенов расад (додека на учесниците ќе им биде поделено со цел за потикнување, обновување на костеновите шуми).

★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★★
Тимот на ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ - Скопје Ви посакува пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели ...
За подетални информации, резервации и уплата обратете се во нашата агенција ЛИТИУМ ГЛОБУС ТРАВЕЛ на телефонските броеви 078/248568 и 078/293385 или на маил litiumglobustravel@gmail.com

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Македонија
  • Локација: Беловиште
  • Превоз: Автобус
  • Огласот е виден 130 пат/и
  • Огласот е објавен на 08.11.2017 06:49

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад