ПРАЗНИЧНО OКТОМВРИСКО ПАТУВАЊЕ Дрвен Град-Вишеград-Сараево-Мостар-Дубровник-Будва- 23-ти Октомври термин:19.10.2017 – 23.10.2017 Автобус/ 5 дена /2 ноќевањa
Друга дестинација, Сараево

почетна цена од 106 eur

Опис на понудата

ПРАЗНИЧНО OКТОМВРИСКО ПАТУВАЊЕ
Дрвен Град-Вишеград-Сараево-Мостар-Дубровник-Будва- 23-ти Октомври

термин:19.10.2017 – 23.10.2017
Автобус/ 5 дена /2 ноќевањa

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 6.600,00мкд


Во цената е вклучено:

Превоз на дадените релации со туристички автобус
Сместување во Сараево на база 2 ноќевања со појадок во Хотел Гранд
Разглед на Сараево со локален водич
Разгледи на Врело Босне
Посети на: Мокра Гора, Дрвен Град, Вишеград, Јабланица, Мостар, Дубровник и Будва-(со кратка пауза)
Придружник при патувањето
Вклучен трансфер со тракет на Бока Которска

Во цената не е вклучено:

Патничко осигурување
Влезници во културно историските споменици
Влезница во Врело Босне 2км или 1€
Влезница во Дрвен Град - 2 €


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1.Ден-Четврток (19.10.2017) – Поаѓање за Сараево во 19:00 часот, преку граничниот премин Табановце. Патот води преку Србија, ноќно возење со попатни паузи.

2.Ден-Петок (20.10.2017) – Во утринските часови пристигнување и разглед на Дрвен Град-наменет за снимање на филмови изграден од Емир Костурица. Пороа поаѓање кон Вишеград, каде се прави разглед на Мостот на Дрина. Во предпладневните часови се пристигнува во Сараево каде се сместуваме во Хотел. Краток одмор па во попладневните часови се прави прошетка низ центарот со локален водич, Себиљ, Башчаршија, Народниот театар, Мостовите на Миљацка, Катедралата на светото срце Исусово итн, со локален водич. Ноќевање.

3.Ден-Сабота (21.10.2017) – Појадок. Потоа се поаѓа за Врело Босне. Тоа е извор на реката Босна и е едно од најпознатите обележја на Босна и Херцеговина, кое се наоѓа на периферијата на Сараево, покрај Илиџа. Враќање во Сараево, слободно време за индивидуални прошетки низ Башчаршија, посета на Трговски центар или искачување на највисокиот облакодер во БИХ –Аваз твист кулата. Вечерта можност за индивидуални прошетки низ градот или факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.

4.Ден-Недела (22.10.2017) – Појадок. По појадокот се поаѓа за Мостар, каде попатно се прави и посета на Јабланица и мостот на битката на Неретва. Пристигнување во Мостар, посета на стариот Мост и прошетка низ чаршијата. Се поаѓа за Дубровник каде се прави разглед на Стариот град и тврдините, главната улица Страдун итн. По разгледите се продолжува за Црна Гора. Премин на Бока Которска со траект, пристигнување и кратка пауза во Будва. Поаѓање за Македонија преку Албанија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.

5.Ден Понеделник (23.10.2017) – Пристигнување во Македонија во раните утринските часови.

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Друга дестинација
  • Локација: Сараево
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 187 пат/и
  • Огласот е објавен на 03.10.2017 05:19

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад