ULTRA LAST MINUTE - ХОТЕЛИ - ГРЦИЈА ЛЕТО 2017 !!! Термин: 18.06. - 25.06.17 - 7 ноќи
Грција, ХАЛКИДИКИ

почетна цена од 199 eur

Опис на понудата

ULTRA LAST MINUTE - ХОТЕЛИ - ГРЦИЈА ЛЕТО 2017
Термин: 18.06. - 25.06.17 - 7 ноќи
KRIOPIGI - Hotel PARADISE 3*

199 € - Цена по лице на база HB (појадок и вечера) во DBL (2+0 / 2+1)

Kriopigi се наоѓа на првиот крак од полуостровот Халкидики (Касандра), на околу 90 км оддалеченост од градот Солун. Ова туристичко место, со својата каркеристична местоположба, амфитеатрално се издига над морето врз зелените ридови, формирајќи простор за прекрасен поглед кон заливот Торонеос. Негоата област е населена уште од древните времиња, за што сведочат осттоците од античките радови Неаполис и Флегра. Се карактеризира со одлична микро клима, зелени појаси и сино море. Мноштвото угостителски објекти, како и квалитетните капацитети за сместување, го вбројуваат во најпознатите туристички места на Халкидики.
Локација:
Хотелот се наоѓа на првиот крак на Халкидики – Касандра, на 1км од центарот на Криопиги, окулу 2.5км од Калитеа и 5км од Полихроно. Во непосредна близина на хотелот е преубавата песочна плажа со тиркизно чисто море и должина од 2км.
Oпис:
Хотелот на располагање има 38 двокреветни и трокреветни соби и на гостите им нуди пријатна релаксирачка атмосфера со убаво уреден двор, базен со посебна детска секција, бар покрај базенот, лежалки и чадори покрај базенот бесплатни за користење, рецепција, паркинг. Хотелот е на само 100м од море / плажа, за чие користење гостите добиваат бесплатно мини лежалки и чадор од рецепција (на барање / предмет на расположливост).
Сместување: Хотелските соби се комплетно опремени со сопствена бања, клима уред, ТВ, фен, мини фрижидер, балкон со поглед кон море и кон базен.

DBL (2+0): Еден брачен или 2 единечни кревети, без можност за дополнителен лежај. Максимум сместување на 2 возрасни лица и едно бебе под 2год.
DBL (2+1): Еден брачен или 2 единечни кревети, со можност за дополнителен лежај. Максимум сместување во соба е 3 возрасни лица или 2 возрасни и едно дете до 11.99год.
Плажа:
песочна на околу 100м оддалеченост од хотелот
Услуга:
Полу Пансион (појадок шведска маса и вечера-според дневно мени)

ФУРКА - HALKIDIKI ROYAL

199 € - Цена по лице на база HB (појадок и вечера) во DBL (1/2 + 1)

Веројатно за најголемиот број од туристите на Халкидики кои се прошетале долж двете страни на првиот крак, градчето Furka претставува едно од највпечатливите места кои ја дефинираат туристичка понуда на Касандра, со поглед кон заливот Термаикос и Солун. Иако не така експонирана, десната страна на Касандра (гледано кон морето) е сепак прекрасно дело на природата, која смело се поиграла со копното наспроти широчината на големиот залив и отвореното Егејско море. Градчето Фурка, како и многуте туристички места кои се нижат покрај оваа страна од првиот крак, е препознатливо по своите специфични географски карактеристики. Опкружено со пошумените страни на блиските ридови, положено покрај песочните плажи и синото море, ова место оддамна ги освоило своите први туристи. Добрата инфраструктура, организираните и квалитено изградени објекти за сметсување, туристичките содржини… на Фурка и ја дале карактеристиката за едно од најубавите места на десната страна од Касанрда.
Локација:
Грција / Халкидики / Касандра / Фурка
Опис:
Хотелот има прекрасна поставеност на песочната плажа во Фурка, што овозможува за идеален одмор покрај море и прекрасни слики од зајдисона. Располага со стандардни двокреветни / трикреветни соби како и фамилијарни соби. Голем дел од собите нудат поглед кон плажата и моретo или кон базенот. На располагање на гостите има базен со лежалки кои се бесплатни за користење и бар покрај базенот. Лежалките на плажа се со доплата или бесплатни за користење со пијалок.
Сместување:
Хотелските соби се опремени со сопствена бања, балкон, сат. ТВ, клима уред (чие користење е вклучено во цена), мини бар, фен, телефон.
DBL (2+1): Стандардните соби располагаат со еден брачен или 2 единечни кревети и еден дополнителен лежај со помали димензии (70х180 цм). Максимум сместување се 3 возрасни лица и едно дете под 6год кое би делело лежај со возрасните.
FAMILY (2/2): Фамилијарните соби се поголеми и покомотни во споредба со стандардните, идеални за фамилии со деца. Имаат еден тоалет и две одвоени соби, едната со брачен лежај а другата со два стандардни кревети. Во овие соби со прекрасен поглед кон морето може да се сместат максимум 4 возрасни лица и едно дете до 5.99год. (дели лежај).
Плажа:
на сама плажа
Услуга:
Полу Пансион (појадок и вечера на база шведска маса)

Информации за понудата

  • Категорија: Летување
  • Држава: Грција
  • Локација: ХАЛКИДИКИ
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 385 пат/и
  • Огласот е објавен на 16.06.2017 06:42

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад