L A S T M I N U T E !!! - ЛЕФКАДА ЛЕТО 2017 !!!
Грција, ВАСИЛИКИ

почетна цена од 127 eur

Опис на понудата


L A S T M I N U T E !!! - ЛЕФКАДА ЛЕТО 2017 !!!

Термин: 17.06. - 24.06.17 - 7 ноќи

ВАСИЛИКИ - АЛТИНА, КАТЕРИНА,ТАКИС

127 € - Цена по лице со вклучен превоз во 1/2,1/3,
1/4студио


Лефкада, автентичен остров на Јонскиот Архипелаг кој уште се нарекува нарекува сино-бел остров поради чистото море кое ги менува во текот на денот сите нијанси на сината боја и белите карпи и песок. Познат е по волшебната природа, рајските песочни плажи и богатата културна-историска традиција. Токму овие карактеристики го прават атрактивна и достапна туристичка дестинација секое лето. Островот е споен со копното со висечки мост. Најголемо населено место е истоимениот град Лефкада, а едно од најпосетуваните места е Василики.

Василики се наоѓа на јужната страна од островот, поради што е најпосетуван туристички град, 37 km југозападно од градот Лефкада. Класично, грчко, рибарско село опкружено со недогледни песочни плажи, кристално бистра вода со плитки и длабоки делови, погодни за сечиј вкус. Во долината на Василики постојат мнозинство на антички згради кои веројатно припаѓаат на античкиот град. Стрмните падини кои ги опкружуваат населбата и околните плажи обезбедуваат дополнително чувство на релаксација и можност за бројни активности (јавање, планински велосипедизам, планинарење).


Вила АЛТИНА “А“-категорија се наоѓа на 2 минути од прекрасната плажа во Понти Бич Василики. Комфорните апартмани и прекрасниот поглед кон морето ја прават една од најатрактивните сместувања во ова прекрасно туристичко место со вкупно осум апартмани од кои (2 двокреветни, 4 трокреветни и 2 четирикреветни) распоредени на прв и втор спрат. Сите студија се опремени со туш, мини кујна (комплет опремена), балкон и клима уред кој е вклучен во цената.

Вила КАТЕРИНА се наоѓа на самата плажа веднаш до Хотел “АПОЛО“ во Василики. Располага со двокреветни, трокреветни и 2 четирикреветни апартмани сите опремени со тоалет со туш, мини кујна (комплет опремена), балкон и клима уред кој е вклучен во цената.

Вила ТАКИС “B“- категорија се наоѓа на само 2 минути од прекрасната плажа во Понти Бич-Василики. Комфорните студија и близината до сите неопходни содржини (супермаркет, ресторани, рент а кар) ја прават една од најатрактивните сместувања во ова прекрасно туристичко место со вкупно 7 студија (3 двокреветни, 3 трокреветни и 1 четирикреветен апартман) кои се распоредени на први и втори спрат и се опремени со тоалет со туш, мини кујна (комплет опремена), балкон и клима уред кој е вклучен во цената.


23:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
23:45 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
00:30 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
01:00 часот тргнување од Кавадарци (Агенција Екстра Бус);
01:00 часот тргнување од Охрид (Бензинска ЛУКОИЛ);
трансфер со минибус до Битола;
01:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ);
трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
02:15 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);

Поагање од Грција во 14:00 часот по локално време.

-Цените во табелите се изразени за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум две лица во студио или четири лица во дуплекс апартман.
-Цените се изразени во € (евра), а плаќањето е исклучиво во денарска противредност (1€ = 62 МКД).
-Сместување на трето, четврто и петто лице во студио или апартман задолжително плаќа 50€ (евра).
-Само превоз на наведените датуми 50€ (евра) Возрасни, 35€ (евра) деца до 12 години.
-За користење на сопствен превоз се одбива 29€ (евра) од цените во табелата.
-Цените во табелата одбележани со * не се одбива превозот и не важи попустот.
-За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата. Во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот.
-Користењето на клима уредот е ВКЛУЧЕНО во цената.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување,
а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;
-Задолжително патничко – здравствено осигурување;

За реализација на овој аранжман важат општите услови на патување

Информации за понудата

  • Категорија: Летување
  • Држава: Грција
  • Локација: ВАСИЛИКИ
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Приватно сметување
  • Огласот е виден 205 пат/и
  • Огласот е објавен на 13.06.2017 10:17

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад