1-ви МАЈ - БЕРЛИН
Друга дестинација, МИНХЕН

почетна цена од 299 eur

Опис на понудата

1-ви МАЈ - БЕРЛИН

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 € / 18.538 мкд -ВВ
Попуст за трет возрасен (на екстра лежај)
- 15 € / -930 мкд
Попуст за дете 2-9.99год (на екстра лежај)
- 29 € / -1.800 мкд

29.04.2017 - 02.05.2017
Авион 4 дена / 3 ноќевања


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО :

Авионски превоз Скопје – Берлин - Скопје
Организиран трансфер аеродром – хотел - аеродром
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
3 ноќевања со појадок во хотел 4* ESTREL BERLIN HOTEL - https://www.estrel.com/en
Оргaнизиран разглед на Берлин со стручен локален водич
Лиценциран придржник водич на патувањето
Организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНAТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Аеродромски такси 60 еур. (3.720 мкд)
Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2.000 мкд или багаж за чекирање
(1 куфер до 23 kg) 3.650 мкд
Факултативна посета на Потсдам со локален водич и вклучена влезница и водич за палатата Сансуси 80 еур ( мин. 15 лица резервации во агенција)
Факултативно крстарење со брод по Шпре 20 еур ( мин. 15 лица резервации во агенција)
Доплата за еднокреветна соба 95 еур.
Патничко осигурување

Програма на патување:
29 Април (сабота) СКОПЈЕ - БЕРЛИН
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 11:00 часот. Директен лет за Берлин во 12:50 со Wizz Air. Пристигнување во Берлин во 15:15 часот. Организиран панорамски разглед на градот: Меморијалната црква, Европа-центарот, Новата национална галерија, Филхармонијата, плоштадот Постдам и Сони-центарот, плоштадот Александер плац, Бундестагот – Германскиот Парламент, ТВ кулата, Дворецот Шарлотенбург, Олимпискиот стадион, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите, Музејот на Евреите со својот уникатен дизајн на лавиринт, Катедралата, Операта, симболот на градот - Брандербуршката порта, Рајхстагот, најдолгата трговска улица Курфурштендам каде секоја година се одржува познатиот фестивал на електронска музика LOVE PARADE, остатоците од Берлинскиот ѕид. Трансфер до хотелот и сместување. Слободна вечер за одмор и индивидуални прошетки. Предлагаме посета на Постдамер плац и Сони центарот каде ќе уживате во танцот на модерното осветлување на објектот како и забавите што ги приредуваат кафулињата се до утринските часови. Ноќевање.

30 Април (недела) БЕРЛИН
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или предлагаме посета на музејскиот остров кој е под заштита на УНЕСКО и се состои од пет познати музеи изградени во времето на првиот пруски крал... Стариот Музеј, Новиот Музеј со уникатната Египетска збирка, Старата национална галерија, Боде, и највредниот од сите Пергамон со реконструкции од оригинални делови пренесени од местата каде се пронајдени како портата Иштар од Вавилон, портата на пазарот од Милет. Попладне, можност за факултативно историско крстарење со брод по Шпре од каде ќе можете Берлин да го видите од вода... Ноќевање

01 Мај (понеделни) БЕРЛИН – ПОТСДАМ & САНСУСИ
Појадок. Слободен ден или целодневен факултативен излет до градот Потсдам, главниот град на Бранденбург. Градот е познат по прекрасната природа, големиот број на езера кој го опколуваат, како и по прускиот дворец Сансуси - летната резиденција на кралот Фридрих Велики (дел од светското културно наследство под заштита на УНЕСКО). Сансуси е Германскиот Версај изграден во рококо стил во 17 Век, кој сигурно ке ве воодушеви, како со неговата внатрешност и раскошните одаи така со прекрасниот каскаден двор кој го опколува. Враќање во Берлин по завршување на турата. Во вечерните часови препорачуваме индивидуална прошетка до стариот дел на Берлин, каде низ тесните улички од калдрма ќе најдете многу продавнички за сувенири, традиционални пивници и ресторани... Ноќевање.

02 Мај (вторник) БЕРЛИН - СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време до трансферот на аеродром.

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Друга дестинација
  • Локација: МИНХЕН
  • Превоз: Авион
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 123 пат/и
  • Огласот е објавен на 21.04.2017 07:30

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад