TA "Libero Travel "

TA "Libero Travel "

По 10 години успешно организирање на превоз од наша страна, во 2015 година одлучивме нашиот бизнис да го прошириме т.е.во склоп на „ Белдона ММС“ како подружница да профункционира Т.А. „Либеро Травел“ со лиценца “А“ , во сопственост на госпоѓа Славица Ристова. Т.А „Либеро Травел“ е членка на СКТМ (Стопанската комора на туризам во Македонија)
 
Со цел да ја задржиме довербата на постојните, но и да ја прошириме нашата соработка со нови клиенти, подготвени сме да ги реализираме сите нивни потреби, желби и можности. Ви треба одмор, патување, релаксација или незаборавно доживување – овде сме за Вас 
 
Следејќи ги современите светски трендови во организирање на патувањата, Т.A „Либеро Травел“ ви ги нуди следниве услуги:
 
организирање на летувања и зимувања,
 
туристички аранжмани во земјата и странство, индивидуални и групни, до било кое одредиште по Ваш избор,
 
авиобилети за сите дестинации во светот,
 
автобуски билети ,
 
патничко осигурување,
 
индивидуални и групни забавни манифестации,
 
излети, саеми, шопинзи…
 
Нашата понуда вклучува и изнајмување на автобуси за сите видови на тури – за мали и поголеми групи, за транспорт или за разглед. Нашиот возен парк е целосно опремен и располага со модерни и удобни возила кои имаат капацитет на седишта од 15 – 86.


Видете ги нашите понуди