TA Easy travel - Skopje

TA  Easy travel  -  Skopje

 

Easy TravelEasy Travel е туристичка агенција со Лиценца А, членка на СКТМ. Тимот од професионалци со 20 годишно работно искуство во областа на туризмот, со познавање на повеќе светски јазици и постигнати видни резултати во рамките на своето делување, но и со желба и ентузијазам за уште поголем напредок на агенцијата, постојано е на располагање на клиентите. Агенцијата ја користи Амадеус програмата за авио билети. Вработените поседуваат IATA лиценца.

За истакнување е искуството на вработените во подготвување и реализирање на чартер операции во соработка со деловните партнери од Египет, Малта, Турција, Тунис, Дубаи.

Лепезата на аранжмани кои им се нудат на клиентите е исто така резултат на успешната деловна соработка со партнерите и тур операторите од Грција, Германија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Португалија, Шпанија, Кина и Куба.

Easy Travel на клиентелата и ги нуди следните услуги:

  • Иницијативен туризам – на домашниот пазар се продаваат готови пакет аранжмани од странски тур-оператори и истите, со странски и домашни партнери, се организираати реализираат во странство
  • Рецептивен туризам – странски туристи во Македонија
  • Продажба на авио-билети
  • Рент-а-кар услуги
  • Организација на конгреси и семинари


Видете ги нашите понуди